Спортските настани во Велика Британија и понатаму ќе се одржуваат без гледачи, и покрај веста дека на клубовите може да им биде дозволено да ги отворат своите стадиони за навивачите во октомври, објави во вторникот премиерот на земјата Борис Џонсон.

Нарекувајќи ги спортските клубови „живот и душа на … заедниците“ и истакнувајќи дека ги препознава последиците од одлуката, Џонсон додаде дека владата работи „итно“ на креирање мерки за нивна поддршка.

Шефот на британската влада претходно откри дека новите мерки за намалување на дневните инфекции со Ковид ќе бидат усвоени во четврток, но истакна дека земјата нема да влезе во целосна блокада како што беше во март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.