Сергеј Самсоненко синоќа не беше во ложата во СЦ „Јане Сандански“ каде вообичаено од ложата ги следи натпреварите на ракометниот шампион на Македонија и да го испрати шампионскиот тим, кој тој го создаде, во историја.

Според информациите до кои дојде „СПОРТМЕДИА“, Русинот немал срце да се збогува со Вардарци. Тој дуелот, во кој Вардар го даде најдоброто од себе, го следел дома, на малите екрани.

Првиот човек и спонзор на ракометниот клуб Вардар пред неколку дена ја извести јавноста дека од следната сезона нема повеќе да ги финансира „црвено-црните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.