Следен голем настан на кој ќе игра македонската ракометна репрезентација е Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година.

Ждрепката за овој ракометен Мундијал ќе се одржи на 2. јули, а познати се деталите за церемонијата. Во главна улога ќе бидат поранешните ѕвезди Славомир Шмал и Магнус Висландер кои ќе бидат задолжени за извлекувањето.

Градови домаќини во кои ќе се игра Светското првенство ќе бидат Катовице, Краков, Плоцк и Гдањск во Полска. Во Шведска првенството ќе се игра во следите градови, Стокхолм, Јончепинк, Малме, Кристијанштад и Гетеборг.

Ждрепката е закажана на 2 јули.

Шешир 1: Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1

Шешир 2: Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија

Шешир 3: Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3

Шешир 4: Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Cеверна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2

Домаќините на СП, Полска и Шведска, веќе распределија дел од репрезентациите што имаат обезбедено мундијалски билет по градовите домаќини.

Шпанија и Норвешка ќе играат во Краков, додека Полска во Катовице. Шведска ќе игра во Гетеборг, додека Данска во Малме. Исланд е домаќин во Јончепинг, Германија во Катовице, додека Хрватска ќе игра во Кристијанштад.

Мундијалот во Полска и Шведска ќе се игра од 11 до 29 јануари.

Група А (Краков) – Шпанија

Група Б (Катовице) – Полска, Франција/Африка 1

Група Ц (Гетеборг) – Шведска

Група Д (Јончепинг) – Исланд

Група Е (Катовице) – Германија

Група Ф (Краков) – Норвешка

Група Г (Кристијанштад) – Хрватска, Франција/Африка 1

Група Х (Малме) – Данска

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.