По натпреварот против Загреб во ЛШ, тренерот на РК Вардар, Веселин Вујовиќ, истакна дека се плаши како неговиот тим ќе реагира понатаму од овој неуспех.

„Вложувавме многу надеж за овој меч дека можеме повеќе на овој меч. Загубивме добиен меч, грешевме кога не смеевме да грешиме. Честитки за Загреб за важната победа во овој тежок и грд натпревар. Игравме доста лошо, не знам зошто е тоа, дали е тоа една голема тензија, тоа е за подлабока анализа. За седум дена не чека важен натпревар против Еурофарм Пелистер. Се плашам дека овој пораз може да создаде негативен ефект кај моите играчи. Седум меча немаме победа, против сите играме добро, но бодовите се впишуваат кај други на крај. Се надевам дека ќе имаме подобри игри понатаму и ќе се пласираме во следниот круг, што е цел на нашата екипа, а на Загреб му посакувам се најдобро“, изјави Вујовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.