Веселин Вујовиќ веќе не е тренер на хрватскиот ракометен првак, ППД Загреб.

Информацијата предмалку ја објави клубот, кој наведе дека Вујовиќ си заминува од хрватската престолнина поради приватни причини.

Потегот е изненадувачки бидејќи досега немаше никакви најави за разделба меѓу Загреб и искусниот стручњак, а посебно што екипата почна со тренинзи пред три дена, а Вујовиќ со своите изјави зборуваше за комплицираните услови за подготовки.

За Вујовиќ ова беше краток престој во Загреб, откако беше назначен во 2019 година, а претходно го водеше овој тим меѓу 2014 и 2016 година.

Повеќе детали за заминувањето на Вујовиќ очекуваме во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.