Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ изрази задоволство од првата победа оваа сезона во ракометната Лига на шампиони остварена синоќа во Скопје против Мешков Брест (35:27). Тој се заблагодари на навивачите на „црвено-црните“ за големата поддршка.

– Пред натпреварот се малку се плашев, бидејќи Мешков Брест е квалитетна екипа. Ние на мечот влеговме многу мотивирани и со неколку добри одбрани на Томовски. Атмосферата на трибините не носеше. Нивните голмани имаа лош ден. Дополнителен нивни проблем се големиот број повредени па ние на крајот ја искористивме ваквата ситуација и на крајот победивме, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.