Веселин Вујовиќ, тренерот на Вардар комплетно разочаран од играта на неговите ракометари. По поразот од Монпеље не потценувајќи никого истакна дека вечерва, со ваква игра можеле да изгубат и од Бутел Скопје.

„Среќен сум што не игравме со Бутел Скопје, оти ќе изгубевме и од нив. Со вакви грешки кои ги направија бековите можевме да бидеме поразени од секого, не сакам да потценувам никого, не би сакал да бидат сфатен погрешно. Ова е сериозна шлаканица, мора да газиме цврсто на земја. Најави дека ќе дојдат тешки времиња, еве ги дојдоа, сега останува да видиме колку сме силни“, додаде на официјалната прес-конференција, Вујовиќ.

Тој и неговите момци ќе имаат една недела да ги поправат сите грешки пред гостувањето кај Алборг закажано за 19. овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.