Во дербито на А групата од СЕХА Газпром лигата, без неколку стандардни првотимци актуелниот првак на регионалното натпреварување Вардар, се враќа дома без бодови. Тимот на Мотор Запорожје победи со 32-31 (13-12). Во последниот шут од седум метри Иван Чупиќ не успеа да реализира, и топката се одби од подот и заврши над дирекот на голот.

На шест минути до крај Мотор водеше со 28-25, а потоа Вардар како да „нагази” и израмни на 30-30 во 58 минута. На една минута до крај при резултат 31-31 се одбранивме, топката стигна до рацете на Тимур Дибиров, и тој откако виде дека противничкиот гол е празен ја упати топката, но таа за малку заврши покрај голот.

Мотор во следниот напад реализираше за водство, а последните 15-тина минути беа за Вардар. Се изборивме за пенал, а тој последен удар на Иван Чупиќ заврши над голот. Топката удри во подот и отиде над голот. Тоа беше момент за радост за домашните.

Вардар играше на оваа средба без Калифа Гедбан кој не доби виза за влез во Украина и Сташ Скубе кој се пожали на повреда на грбот. На списокот на повредени се и Стојанче Стоилов и Жозе Толедо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.