Ракометарот на Вардар, Сташ Скубе се најде во дрим – тимот на првото коло од Лигата на шампионите. Словенецот имаше значаен придонес во триумфот на „црвено-црните“ во саботата на гостувањето кај Монпелје. Скубе натпреварот го заврши со седум голови.

Дрим-тим за првото коло во ракометната ЛШ:

Лево крило: Диого Бранкињо (Порто)
Лев бек: Никола Билик (Кил)
Среден бек: Сташ Скубе (Вардар)
Десен бек: Мадс Кристијансен (Алборг)
Десно крило: Валентин Јонеа (Спортинг)
Пивот: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Голман: Андреас Волф (Кјелце).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.