Македонскиот и актуелен европски шампион Вардар вечерва претрпи пораз на гостувањето кај Киелце со 36:29.

За „црвено-црните“ ова е втор пораз од полскиот шампион во период од седум дена. Претходно Киелце беше поуспешен и во Скопје со 33:29.

И покрај најавите за консолидирање на одбраната, тренерот Стевче Алушовски, не успеа да најде решение за разиграните домаќини кои по негативата од 2:5 во почетните десетина минути, ја преземаа иницијативата и не му дозволија на противникот посериозно да ги загрози.

Киелце е лидер на табелата во А-групата со 13 бода од осум натпревари, Вардар е на 6.место со 3 бода од пет средби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.