Во среда со почеток од 20:15 часот РК Вардар го пречекува Татран Прешов во натпревар од СЕХА лигата, што е и последниот меч на домашен терен за „црвено-црните“ оваа сезона.

Овој меч е дерби на колото бидејќи македонскиот тим е лидер, а противникот е на второто место на табелата во СЕХА лигата. Словачкиот тим е последниот противник на Вардарци во „Јане Сандански“ за оваа година, а до крајот на 2018 останува уште гостувањето кај Стеауа во понеделник.

Ни претстои нов натпревар во СЕХА против одлична екипа, која игра во Лигата на шампионите. Очекувам тешка средба. Нашата цел е да дојдеме до победа и ни претстои добра работа за да се подготвиме за да дојдеме до триумф на оваа средба. Ни остануваат уште две средби до крајот на овој дел од сезоната и очекувам да ги одработиме на потребното ниво, изјави Парондо на денешната прес конференција.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека мечот треба да се сфати сериозно за да се задржи првата позиција на табелата.

Овие мечеви пред крај на сезоната се секогаш тешки. Татран е незгоден противник и треба да го сфатиме сериозно. Потребни ни се две победи за да останеме на првото место, вели Стоилов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.