Европскиот првак Вардар ќе биде носител на една од двете групи во прелиминарната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите. Вардар е во група заедно со Париз Сен Жермен во првиот шешир во пресрет на извлекувањето на групите закажано за 27 јуни. 16-те екипи кои ќе се натпреваруваат во А и во Б групите се поделени во осум шешири. Во вториот се сместени Веспрем и Барселона.

Со оглед на правилото дека екипи од Франција, Германија, Шведска и од Унгарија не можат да играат меѓусебе во оваа фаза, извесно е дека Вардар во групата меѓу противниците ќе го има Монпелје.

Еурофарм Работник, пак, кој ќе дебитира во елитното натпреварување, но во послабата конкуренција, ЕХФ го смести во четвртиот шешир меѓу 12-те екипи. Партнер на битолскиот тим во овој квалитативен ранг е шведскиот Кристијанштад.

Форматот на Лигата на шампионите и следната сезона ќе биде идентичен како и во претходните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.