По победата над Фленсбург, вардарци се оптимисти дека можат да дојдат до уште една голема победа во Лигата на шампионите сезонава, вечерва гостува Порто во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.

Во Порто брани Никола Митревски, изразит фаворит нема, Тимур Дибиров очекува тежок и исцрпувачки натпревар.

-Против Порто треба да ја потврдиме нашата идеја, победа на домашен терен, иако Порто е многу квалитетен противник. Знаеме дека ќе биде тешко, нема лесни противници но играме дома и мора да победиме, изјави Дибиров.

Слично размиислува и Стевче Алушовски, тренерот на Вардар сака победа од мечот со Порто.

-Атмосферата во тимот е одлична. Го анализиравме Порто, тој е екипа која игра одлично 7 на 6. Максимално сме внимателни без разлика на победата во минатото коло. Нема да биде лесно, но во Лигата на шампионите секој натпревар е тежок, изјави Алушовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.