Џиновскиот десен бек на Вардар, Летонецот Даинис Криштопанс, дефинитивно ќе биде во составот на „црвено-црните“ за пресметката попладнево против Кјелце во „Јане Сандански“ од ракометната Лига на шампиони.

Криштопанс се повреди во понеделникот против Војводина, но ќе стисне заби. Добра вест за навивачите на Вардар е и враќањето на Атман и Горпишин, кои беа повредени и пропуштија по неколку натпревари, па тренерот Кокшаров на дуелот со Полјаците, на располагање ќе го има речиси комплетниот тим на европскиот првак.

На листата на повредени се само Горбок и Толедо, но и без нив, Вардар има доволно силен тим кој со поддршка од публиката, може да го победи силниот Кјелце. За Кјелце игра Игор Карачиќ, Хрватот кој седум години настапуваше за Вардар и со скопскиот клуб освои две европски титули. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.