Европскиот ракометен првак, РК Вардар имаше лесен почеток на сезоната во СЕХА лигата  откако со 37-23 (19-12) го совлада најнеобичното засилување за регионалното натпреварување, кинескиот клуб на Универзитетот на Пекинг.

Вардарци имаа целосна контролата над мечот, а тренерот Писонеро имаше можност да направи доста ротации со своите играчи. Со по шест постигнати голови најефикасни беа Димитар Димитриоски, Данил Шишкарев и Павел Атман (кој имаше 6-од-6), додека на голот, Гедебане Халифа одбрани 13 удари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.