Европскиот шампион Вардар во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се соочи со екипата на ПИК Сегед (Унгарија).

Првиот дуел од осмина-финалето се игра во периодот од 18 до 22 март во Скопје, а реваншот е во периодот од 25 до 29 март во Сегед, Унгарија.

Победникот од дуелот ќе игра во четвртфиналето со победникот од мечот помеѓу Висла и Веспрем.

Во групната фаза сезонава екипата на ПИК Сегед го освои 3. место во А групата со 20 бода, и 9 победи, 2 нерешени средни и три порази. Најголемиот успех на екипата е пламан во четврт-финалето на ЛШ каде играше четирипати во последните шест години.

Двојки за осмина-финалето во ЛШ се:
Динамо Букурешт – ПСЖ
Висла – Веспрем
Вардар – ПИК Сегед
Целје – Кјелце
Пoрто – Олборг
Флензбург – Монпелје

Екипите на Барселона и на Кил директно се пласираа во четврт-финалето бидејќи беа првопласирани во своите групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.