Македонскиот ракометен шампион Вардар загуби во ракометната Лига на Шампионите на гостувањето против Порто со резултат 27-24.

Грешките во клучните моменти Вардар го чинеа пораз во продолжение од сезоната во ЛШ по СП во Египет.

Порто со атомска брза игра и пеколни контри ја казни секоја грешка на „црвено-црните“.

Нашиот шампион не успеа да ја искористи и блескавата партија на Борко Ристовски, кој заврши со 15 интервенции. За Вардар ова беше трети пораз по ред во ЛШ, пред гостувањето кај францускиот ПСЖ.

Најефикасен кај Вардар беше Тимур Дибиров со осум гола од осум обида, а Борко Ристовски имаше 15 одбрани. Русинот го следеа Јотиќ и Шеваљевиќ со по четири погодоци. Кај Порто Бранкињо постигна осум гола, пред Амадор со шест погодоци,Нашиот репрезентативец Никола Митревски за португалскиот тим имаше осум интервенции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.