Македонскиот ракометен првак Вардар во рамки на СЕХА-финалето доживеа голем шок, затоа што остана без германскиот интернационалец Кристијан Дисингер.

По еден дуел со противнички играч, бекот падна со целата тежина врз раката. Истата целосно се свитка, а лекарските екипи на Вардар веднаш го изнесоа надвор од теренот. Имобилизирана е раката на Дисингер, а се стравува дека се работи за скршеница.

Дополнителните прегледи ќе ја покажат точната тежина на повредата, но првичните проценки не делуваат позитивно. Бекот беше еден од најдобрите ракометари на Вардар на претходните средби, а евентуално отсуство ќе биде голем хендикеп за „црвено-црните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.