Од следната сезона бројката на екипите кои ќе имаат можност да играат во Лигата на шампионите се намалува, со цел кревање на квалитетот, а право на учество ќе имаат само 16 тимови од Европа.

Со самото тоа се менуваат и критериумите за избор на тимовите кои ќе можат да играат во групната фаза.

Загарантирано место ќе има на претставниците од земјите кои се рангирани од 1. до 9. место на ранг листата на ЕХФ. Секоја од овие девет земји ќе може да го пријави шампионот. Десеттиот тим ќе дојде од земјата која во последните три години освоила најмногу титули во европските купови.

Остануваат уште шест места, а за нив ќе одлучува Извршниот комитет на ЕХФ, а ќе се води според неколку од новите критериуми кои секој тим ќе мора да ги исполнува. Практично ќе има и пет критериуми кои ќе мора да бидат исполнети за да се добие местото во Лигата на шампионите.

Се работи за градот, ТВ и дигитализација, гледачи, резултати во претходните години и менаџирање на клубот. Сето ова ќе биде земено предвид и сите ќе мора да бидат оценети високо за да може да се добие предност во однос на другите ривали кои исто ќе се борат за место во групната фаза од Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.