Вардар ја освои титулата во СЕХА лигата откако во финалето беше подобар од Загреб со што уште еднаш покажа дека му нема рамен во регионот.

Натпреварот изобилуваше со груба игра со три црвени картони од која најдебелиот крај го извлече Кристијан Дисингер кој најверојатно ја скрши левата рака, а ако тоа го потврдат и медицинските тестови за него сезоната ќе биде завршена.

Ова е трет трофеј по ред за Вардар во СЕХА лигата, вкупно петти во регионалното натпреварување, прва титула за Роберто Парондо со македонскиот тим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.