Вечерва Вардар не успеа  да стигне до втора победа во низа на домашен терен во ракометната Лига на шампиони, откако во меч полн со пресврти одигра нерешено против Порто.

Вардарци ги делеа само 33 секунди од победа во дуелот со Порто во ЕХФ лигата на шампионите, но несреќно примениот гол во последните секунди беше таличен за гостите кои заминуваа од Скопје со реми, 25-25.

Иван Чупиќ имаше седум голови, Марко Вујин реализираше пет пати во голот на Порто. Кај гостите, пикерот Итуриза беше најефикасен со седум голови, а голманот Никола Митревски имаше 11 интервенции.

Вардар по три одиграни натпревари во Групата А има три бода. Во следното коло гостува кај ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.