Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги соопшти термините за одигрување на натпреварте од „Фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампионите во Келн.

Барселона и Вардар на 1 јуни (сабота) ќе играат во ударниот термин од 18:00 часот во „Ланкесес Арената“. Претходно од 15:15 часот силите ќе ги измерат Веспрем – Кјелце.

На 2 јуни (недела) од 15:15 ќе се игра мечот за трето место, а финалето е од 18:00 часот.

Програма „Фајнал фор“ во Келн:

Сабота, 1 јуни (полуфинале):

15:15 часот Веспрем – Кјелце
18:00 часот Барселона – Вардар

Недела, 2 јуни:

15:15 часот – дуел за трето место
18:00 часот – финале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.