Вардар со 32-30 победи на гостувањето кај Кристијанштад и дојде до планираните бодови со кои има загарантирана трета позиција во групата А, но и надеж дека во последното коло може да се освои и второто место.

Во првото полувреме најчесто се играше гол за гол, вообичаено Кристијанштад водеше, а Вардар бркаше, на полувремето домаќините заминаа со предност од 17:16.

Во вториот дел Вардар заигра подобро, брзо го сврте резултатот и дојде до водство кое не го испушти до крајот на мечот. Вардаровите ракометари на два пати имаа и по четири голови разлика, на крајот славеа со 32:30.

Најдобар во вардаровиот тим беше Криштопанс со осум голови, тој беше прогласен и за играч на мечот. Шишкарев даде пет погодоци, Калифа имаше шест одбрани, Милосављев четири, а Капелин од Кристијанштад имаше извонреден меч со 17 одбрани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.