Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој ги следеше во Келн полуфиналниот и финалниот натпревар од Лигата на шампионите во ракомет му ја честита титулата на македонскиот ракометен првак Вардар.

Вака изгледа надојден Вардар, шампионски Вардар. Вардар од Македонија шампион на Европа! Не направија горди во срцето на Европа. Вистинска радост за нашата земја. Нема запирање и тогаш кога е тешко, и тогаш кога има такви кои велат оваа е тешка задача. Вардар покажа дека се е можно, и дека победите се реалност, со срце, со сила, непокорност и со нескршлива верба во себе. Честитки за црвено црните на Вардар. Браво ШАМПИОНИ! 🇲🇰

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.