Противник на Вардар во осмина-финалето на ЛШ ќе биде екипата на ПИК Сегед од Унгарија. Тоа ќе биде нова средба меѓу двете екипи кои и лани играа меѓусебе само во четврт-финалето. Тогаш Вардар беше подобар во меѓусебниот дуел и се пласираше на Ф4 турнирот во Келн, а потоа и ја освои по вторпат лигата на шампионите.

Првиот дуел од осмина-финалето се игра во периодот од 18 до 22 март во Скопје, а реваншот е во периодот од 25 до 29 март во Сегед, Унгарија.
Победникот од овој двомеч ќе игра во четврт-финалето со победникот од осминафиналниот дуел меѓу Висла и Веспрем.

Во групната фаза сезонава екипата на ПИК Сегед го освои 3. место во А групата со 20 бода, и 9 победи, 2 нерешени средни и три порази. Најголемиот успех на екипата е пламан во четврт-финалето на ЛШ каде играше четирипати во последните шест години.

Двојки за осмина-финалето во ЛШ се:
Динамо Букурешт – ПСЖ
Висла – Веспрем
Вардар – ПИК Сегед
Целје – Кјелце
Пoрто – Олборг
Флензбург – Монпелје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.