Македонската машка ракометна репрезентација е поразена од Чешка со 25-27 во мечот од 2. коло на Европското првенство (ЕП) кое е во тек во Виена, Австрија. Со овој пораз патот до втортата фаза на шампионатот станува потрнлив.

По одличното прво полувреме за Македонија и водството од 11-9, во вториот дел како да играа други македонски ракометари.

Чешка влегуваше постојано во гол-серија, а нашиот напад не функционираше баш најдобро. Како одминуваше времето, Чешка ја зголемуваше својата предност и во еден момент таа изнесуваше плус четри (18-22). За жал, мечот на голот го почна Борко Ристовски, кој имаше слаб ден, за дури подоцна да биде заменет со Никола Митревски, кој имаше феноменален ден со Украина.

Неразбиливо, Бресотовац реши да му даде доверба на Ристовски, наместо на Митревски.

Благодарение на тоа што и Чешка имаше свој критичен период во последните 10 минути, момците на Данило Брестовац, храбро влегоа во финишот, направивме серија и дојдовме до нерешно (22-22). Во инфаркт завршница, ракометарите на Чешка имаа повеќе нерви и трпение и дојдоа до оваа за нив значајна победа во групната фаза (27-25).

Кире Лазаров беше апсолутно најдобар на овој меч со 11 погодоци, го следеше Дејан Манасков со 5 гола, Гоце Георгиевски стрелаше 4 пати.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.