Македонската ракометна репрезентација попладнево го забележа третиот пораз на Мундијалот во Египет и прв во Главната фаза. Подобри од избраниците на селекторот Данило Брестовац беа словенечките ракометари кои и пред средбата важеа за големи фаворити.

Отпорот на македонските репрезентативци траеше дваесетина минути во првото полувреме во кое на два-три наврати имаа и два гола предност. Во финишот на првиот дел Словенија направи серија од 4:0 и на полувреме замина со водство 13:9.

Предноста на Словенците растеше од почетокот на второто полувреме, за во последната 60. минута да изнесува највисоки 10 голови.

Најефикасен кај победникот беше Драган Гајиќ со седум гола, во поразениот тим се истакна Кирил Лазаров со пет гола.

До крајот на денот ќе се одиграат и другите два натпревара од првото коло во групата 4:

Русија – Египет (почеток 18 часот)
Шведска – Белорусија (почеток 20:30 часот).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.