Тимур Дибиров на својот Инстаграм профил сподели фотографија од „Вардар“ во шампионскиот состав и напиша:

Драги фанови, знам дека сега ние сме во тешка ситуација и сите вие сте многу разочарани, но сега е момент за сите нас да се обединиме и да покажеме дека Вардар бил и ќе биде, и може да победи секогаш и сите заедно да дадеме поддршка кога е најтешко. Ве повикувам сите во салата и да покажеме што е љубов. Заедно можеме да направиме се.

 

Ракометниот клуб „Вардар“ од ден на ден осиромашува со игрчи. По денешната најава дека заминуваат Криштопанс и Атман, познавачите велат дека заминувањата ќе продолжат најверојатно и во иднина бидејќи свое заминување најавија уште и Шишкарев потоа голманот Калифа Гебдан , Скубе, Дисингер и Толедо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.