Филип Талески беше еден од играчите кои ја превзема одговорноста и во последните десет минути од мечот постигна четири погодоци, сите во клучни моменти. Прашан дали е ова играта која сака да ја презентира во националниот тим, тој одговори:

Секогаш сакам да бидам еден од носителите на репрезентацијата. Револтиран сум од македонската јавност која плука по нас, но тоа дополнително ме мотивира. Можам и умеам да играм ракомет и го докажувам тоа на теренот. Исто така им благодарам и на сите оние кои ме поддржуваат.

Што се однесува до дуелот со Исланд, Талески коментира:

Задоволни сме од овој натпревар и оваа победа. Примивме многу голови, но и дадовме многу. Во првите 10-15 минути игравме послабо во одбраната, но потоа во второ полувреме сменивме од 5-1 во 6-0, се договоривме повеќе да се концентрираме на средината и да бидеме трпеливи во напад. Тоа донесе и резултат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.