Ракометарот Филип Талески, кој е член на германскиот Рајн Некар Левен, стана татко на малата Софија која очигледно е гордост на тато. Тој на теренот ја поведе со себе Софија заедно со сотанатите деца кои ги придружуваат играчите пред почетокот на натпреварот.

Талески доби брендирани патики со кои настапуваше на Мундијалот во Германија и Данска, каде покрај неговиот лик, беа и имињата на неговата сопруга Ена, како и на неговата ќерка Софија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.