Македонската ракометна репрезентација доживеа тежок пораз и во вториот натпревар на Светското првенство во Египет. Откако во дебито на Мундијалот загубивме со 32:20, против домаќинот на турнирот поминавме уште полошо во резултатска смисла, за конечен резултат од 38:19.

Во првите дваесетина минути од мечот и одржувавме каква таква рамнотежа, со разлика за Египет од 4-5 голови, но по црвениот картон за Филип Кузмановски во 19 минута, нашта игра целосно се4 распадна, па така од резултат 10:6 на полувреме се отиде со 20:6 на семафорот.

Потоа, во текот на второто полувреме се одигра во протоколарен ритам во кој Египќаните лесно ја зголемуваа предноста.

Следниот настап, кој е клучен за евентуалниот пласман на нашата репрезентација во следната рунда, го играме в понеделник против Чиле со почеток од 15.30 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.