Хрватска нема да игра во полуфиналето на Светското превенство. Тие вечерва се поразени (22-21) од домаќинот Германија. Иако Германците ја диктираа играта речиси во целиот меч Хрватите држеа чекор.

Домаќините не успеваа да се одлепат благодарение на одличните одбрани на Шего. Штрлек, Карачиќ и Дивњак беа главната опасност за домашниот гол.

Хрватска пред крајот на мечот успеа и да дојде до водство но не успеа да го сочува бидејќи во клучниот напад данските судии свирнаа пробивање. По тоа Лино Червар збесна и не можеше да го продолжи мечот па последниот тајмаут го водеше неговиот помошник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.