Големиот триумф над Чешка воедно беше и последен репрезентативен натпревар за Стојанче Стоилов.

„Сакам да најавам крај на репрезентативната кариера. Ми беше чест и задоволство 15 години да бидам тука, со гордост да го носам овој дрес. Има толку многу имиња што треба да се набројат… ќе почнам од Кире, фалати за се, за се што направивме и не успеавме да направиме. Исто и Миркуловски, кој го остави здравјето играјќи за Македонија. Тоа е причина и за мојата одлука, чувствувам дека телото веќе не ми ги издржува сите овие напори. Фала на цела македонска јавност, ми беше чест да играм за оваа репрезентација“, изјави Стоилов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.