Посакувам со победа да ја израдуваме целата нација. Посакувам помладите да бидат похрабри и да се прикажат во вистинско светло. Мотив не ни недостасува и верувам во успех на крајот, изјави македонскиот ракометар Столе Стоилов во пресрет на денешниот натпревар со ко-домаќинот на Европското првенство, Австрија. Мечот е закажан за во 18,15 часот.

Во таборот на македонската ракометна репрезентација владее оптимизам дека може да се постигне позитивен резултат.

Освен што се домаќини, Австријците со ништо друго не ме плашат. Секако дека имаат квалитетни играчи, но ние можеме да ги сопреме нивните шутери, додава пикерот Стоилов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.