Денска во хотелот „Александар Палас“ официјално беше означен стартот на подготовките на нашата ракометна репрезентација за претстојното Светско првенство што од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и Данска. Расположението на репрезентативците беше на високот ниво, а желбата на сите е иста, експресно да се заборави последниот квалификациски пораз од Грција и енергијата да се насочи кон претстојниот мундијал.
Селекторот Раул Гонзалес во Скопје ќе пристигне утре, исто како и неговиот помошник Роберто Парондо. Поради клупските обврски со задоцнување на националниот тим ќе му се приклчат Филип Талески, Борко Ристовски и Филип Лазаров.
Гонзалес при првичното кратење на списокот го реализираше најавуваното подмладување на репрезентацијата, останува да се види кои ракометари во наредните денови ќе го убедат селекторот во своите квалитети, за да се најдат за финалниот список на патници за Германија.
Противници на Македонија во групната фаза во Минхен се селекциите на Јапонија, Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд, а пласман во втората рунда обезбедуваат најдобрите три селекции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.