Најдобриот ракомет сега живее во Скопје. Радувајте се!, порачаа од бината коментаторите Сретен Рашковиќ и Стеван Стевановиќ, од „Арена Спорт“ телевизија, кои станаа херои заедно со ракометарите на Вардар, коментирајќи ги натпреварите на „црвено-црните“ оваа сезона во Лигата на шампионите.

Тие допатуваа од Клен заедно во вардаровата експедизија.

Најдобриот ракомет сега живее во скопје. Уживање беше да се следи Вардар оваа сезона. Ви благодариме за се. Скопје е повторно европска престолнина на ракометот. Радувајте се. Слави Македонијо!, рекоа коментарите пред насобраната публика, поклонувајќи им се на ракометарите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.