Поранешниот репрезентативец на Србија, Новак Бошковиќ посегна по својот живот. Неговото безживотно тело било пронајдено во неговиот дом во кој во близина се наоѓал и пиштол со кој се претпоставува дека си пукал во глава. Српските медиуми со голема неверица ја пренесоа оваа вест за поранешниот член на најсилната ракометна репрезентација на „орлите“, но барем засега уште никој пренесе каков мотив се крие зад непосакуваното дело.

Бошковиќ последен пат беше дел од составот на Србија на Европското првенство во 2016 година, а медиумите велат дека во својот дом поседувал повеќе огнени оружја поради тоа што покрај професионалната кариера, бил и страствен ловец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.