Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ забележа победа со 37-34 (18-16) против Нигерија на Светското првенство за кадети кое се одржува во Скопје.

За „жолто-црвените“ ова беше прв триумф на Мундијалот, откако во вторникот доживеавме пораз од Аргентина во првото коло.

Избраниците на Данило Брестовац повторно имаа тешки моменти во натпреварот, но одиграа добри две полувремиња и заслужено стигнаа до победата.

Костески со 13 погодоци беше најдобар стрелец, а Серафимов помогна со 10 постигнати гола.

Во наредното коло, Македонија утре игра против Бахреин, а мечот започнува во 20,30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.