Вардаровите ракометари, новите европски шампиони, пред неколку минути полетаа со чартер лет од Келн. Во Скопје веќе ги чекаат илјадници навивачи на скопскиот аеродром, а се очекува десетици илјади да ги поздрават на плоштадот „Македонија“ на централната прослава.

Вардарци полетаа околу 19.20 часот, па се очекува околу 21.30 часот да слетаат во Скопје и потоа по бурниот дочек, придружувани од најверните свои навивачи Комитите да стигнат до плоштадот во центарот на градот на централната прослава.

Летот во живо на вардаровите ракометари може да го следите ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.