Словенечкиот репрезентативец и член на макеоднскиот и европскиот ракометен шампион Вардар Сташ Скубе откри една голема тајна за дополнителната мотивација која ракометарите во црвено-црно ја имаа во Келн за да стигнат до втората европска титула во последните три години.

За словенечките медиуми Скубе откри дека Самсоненко ги исплатил најголемиот дел од долговите кон нив, па мотивацијата била уште поголема кај ракометарите, кои со срцето и јуначкиот настап стигнаа до нов историски успех.

Самсоненко ни исплати најголемиот дел од долговите пред фајнлфорот во Келн, ни вети и убава премија, изјави словенечкиот репрезентативец Сташ Скубе за словенечките медиуми веднаш по пречекот во Скопје.

Словенецот открива дека не постои веќе црно сценарио за Вардар, дека клубот е спасен и дека има пресврт во кој рускиот бизнисмен останува во клубот.


Целиот текст ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.