Најдобрата женска ракометка репрезентација доживеа два високи порази од Романија во баражот за пласман на Светското првенство, мечеви по кои Ракометната федерација на Македонија одлучи да се раздели со селекторот Симе Симовски.

Од РФМ информираат дека со Симовски се договориле за взаемен прекин на соработката и дека во следниот период Управниот одбор ќе назначи нов селектор.

Симовски од 2015 година беше на чело национиот тим, период во кој во неколку наврати игравме во баражите за мундијалите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.