Признанието на шведскиот ракометен голман, Ден Бојтлер дека подолго време консумирал кокаин деновиве ја шокираше шведската спортска јавност. Обично голманите на 42 години веќе се во спортска пензија, но Бојтлер доби 15-месечна суспензија, зашто конзумирал кокаин.

Тој прознал дека имал проблем со концентрацијата, па „се лекувал со кокаин“.

Се обидов да се лекувам себеси. Не можев да работам навечер и се заморував, па решив да најдам спас во кокаинот. Бев на пат кон пеколот, ова можеше да заврши трагично, открил голманот кој последниве 4 сезони бранел за Малме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.