Македонската ракометна селекција има пет голови (16-11) на полувремето од премиерниот натпревар на Мундијалот во Египет.

„Црвено жолтите“ добро го отворија мечот и успеаја да поведат во два наврати, 1-0 односно 2-1. Шведските ракометари со 2-0 серија го презедоа водството 3-2. Се играше гол за гол до 16-та минута, кога на семафорот стоеше 9-9.

Шведска максимално го искористи ракометарот повеќе и со серија 3-0 се одлепи на 12-9. Македонија се комплетираше, но „црната дупка“ без погодок продолжи, а Шведска со мини серија од 2-0 успеа да се одлепи на 14-9. До крајот на првиот дел Македонија ја стабилизираше играта и не дозволи поголема негатива.

Македонската селекција мора да ја поправи играта во двата правци за надеж за поволен резултат, во спротивно, Шведска ќе стигне до рутинска победа на почетокот од Мундијалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.