Најдобрите шведски ракометари ја совладаа Хрватска со 34-28 во натпреварот за петтото место на Светското првенство кое ќе заврши утре во Хернинг со малото и големото финале.

Хрватска и Шведска играа за престиж и една позиција повисоко на овој мундијал, а фактот што двете селекции веќе обезбедија олимписки квалификации влијаеше и на квалитетот на средбата.

Шведска уште од почетокот доминираше и постојано имаше водство, на полувремето беше 16:13, за таа предност до крајот да биде зголемена за конечни 34:28 и сигурна победа на скандинавската селекција. Екберг с 6 и Нилсон со 5 голови беа најефикасни во редовите на победничката селекција, а во хрватскиот состав се истакнаа Степанчиќ со 5 и Шипиќ со 4 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.