Данска во меч со драматичен финиш ја победи Шпанија со 35:33 и се пласира во финалето на Светското првенство во Египет каде ќе игра со Шведска.

Данска водеше буквално во текот на целиот натпревар, но најмногу се одлепи во првото полувреме кога поведе со 13:8, на одморот заминаа со предност од 18:16.

Во второто полувреме Шпанците успеаа во неколку наврати да дојдат до еден гол негатива, но не успеа да го свртат мечот, на крајот Данска победи со 35:33.

Брилијантен настап имаше Хансен со 12 голови, во составот на Шпанија Даниел Душебаев постигна седум голови.

Во финалето Данска ќе игра против Шведска која претходно со 32:26 ја совлада Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.