Црвената фурија ќе се бори против Хрватска за тронот на Европското првенство во ракомет, откако денеска ја совладаа Словенија со 34:32.

И Шпанија и Хрватска се непоразени во текот на целото првенство.

Финалето, на кое што ќе суди македонскта судиска двојка, ќе се одигра во недела од 16:30 часот. Ден претходно во 16 часот ќе играат Германија и Португалија во разигрувањето за 5-6 место, додека Словенија и Норвешка за бронзата ќе се борат со почеток во 18:30 часот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.