Екипата на Металург доживеа пораз со 27-25 (16-13) од Железничар во 15 коло од регионалната СЕХА-лига.

Многуте промашувања како и техничките грешки беа причината за пропуштената шанса за продолжување на победничката серија на тимот од Автокоманда, кој во претходните две кола ги совладаа Извиѓач и Стеауа.

Домаќините водеа во поголемиот дел од дуелот, а избраниците на Данило Брестовац се доближија на гол негатива во два наврати во второто полувреме, но немаа сили да стигнат до пресврт.

Димитриоски и Танкоски со по четири гола беа најефикасни кај „металурзите”, додека кај Железничар најдобар поединец беше Вејин со шест погодоци.

По 16 одиграни дуели, Металург се наоѓа на деветтото место во СЕХА лигата со 10 бода. Железничар по оваа победа е осмопласиран со 13 бода.

Во наредното коло, Металург гостува кај Татран Прешов на 6 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.