Поранешениот репрезентативец на ракометната селекција на Југославија, Горан Стојиќ бил пронајден мртов утрово во неговиот стан во Добој, а покрај него имало и пиштол, па најверојатно станува збор за самоубиство.

Полицијата добила пријава дека се наоѓа телото на Стојиќ во неговиот стан околу 10.20 часот, па по деталната проверка тие пронашле и пиштол, по што ќе се утврдуваат причините и мотивот за немилиот настан.

Стојиќ беше ракометар на Слога Добој, а исто така и репрезентативец на Југославија, како и Босна и Херцеговина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.