Сега веќе поранашниот газда на „Вардар“, Сергеј Самсоненко“ ќе го даде СЦ „Јане Сандански“ бесплатно на користење на европскиот првак, кој од први јуни и официјално ќе биде во рацете на старо-новиот газда, Михајло Михајловски.

Како што пренесува „Спорт медија“, Маневски денеска објасни каков договор имаат со рускиот бизнисмен околу салата во Аеродром.

Видов написи што не соодветствуваат со реалноста. Јас и Сергеј Самсоненко, имаме договор Вардар да ја користи салата „Јане Сандански“ а тоа да биде дел од неговиот придонес кон новиот Вардар. Што се однесува до младите категории, ќе се договориме со директорот на салата и тој дел од трошоците ќе си биде на Вардар. Ова беше договорено уште во делот на преземањето, изјави Михајло Михајловски.

Македонскиот тим кој следната сезона засега ќе биде единствениот наш претставник во Лигата на шампионите во следните денови се очекува да го комплетира составот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.