Сергеј Самсоненко, сопственикот на фудбалскиот и ракометниот клуб Вардар, во изјава за „Фокус“ потврди дека сите долгови кон ракометарите ќе бидат исплатени затоа што тоа е негова должност.

Во изминатиот период во ракометниот клуб има турбуленции, но рускиот газда наскоро ќе ги подмири сите обврски и најверојатно истите ќе се смират.

Ја преземам обврската да ги исплатам сите долгови на сите ракометари во оваа 2020-та година. Од државата добивме спортски ваучери како и секој клуб регистриран и освен тоа, Вардар не доби ништо повеќе“, изјави Самсоненко.

Вардар со актуелниот ростер се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите каде чека двомеч со ПИК Сегед, а исто така е и во четвртфиналето на СЕХА-лигата каде ќе се соочи со хрватски Нексе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.